fbpx

Ковачевски: СДСМ има резултати што прават разлика и визија за европска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Можеме да бидеме горди на нашата работа, затоа што фактите и податоците покажуваат дека маме резултати вистински и реално прават разлика, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во своето обраќање на првата од серијалот трибини „Резултати што прават разлика“ што се одржа денеска во Скопје,

Ковачевски посочи дека и во споредба со ВМРО-ДПМНЕ и во однос на испорачаните резултати и во однос на глобалните токови, СДСМ докажала што значи одговорно и успешно работење.

„Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат.

Да ги земеме прво платите. Минимална плата – 8.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 20.000 денари СДСМ. Просечна плата – 20.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 34.000 денари СДСМ.

Пензии – просечна пензија 13.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 19.000 денари СДСМ. Невработеност – ВМРО-ДПМНЕ 25%, СДСМ 14% во овој момент Патишта – 600 километри ВМРО-ДПМНЕ, 1.300 километри асфалт СДСМ. Директни странски инвестиции – 760 милиони евра СДСМ во кризна година два пати поголеми од 2016 година. Невработеноста 25 отсто сега 14 отсто, расте и вработеноста, што значи дека невработеноста не се должи на ислеувањето, туку на отворање на конкретни работни места.

Заробена и изолирана држава, заглавена 11 години со ВМРО-ДПМНЕ –денеска партнер со САД и со ЕУ, членка на НАТО и со започнати преговори со ЕУ со СДСМ. Затоа, резултати и исполнети ветувања што прават разлика е најсоодветно во овој момент што важи за СДСМ, најголемата, најсилната, државотворна партија во земјава“ истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски посочи дека СДСМ останува силно посветена на европската иднина на државата.

„Нашата визија за иднината на оваа земја е јасна, јавно кажана, забележана и во програма за работа на Владата и ние посветено работиме за тоа да биде реалност: исполнување на уште една стратешка цел -полноправно членство во ЕУ до 2030 година.Пред неколку дена се вратив од САД, имав бројни средби со високи државни претставници од нашите пријатели, од нашиот најголем и најважен стратешки партнер.

Носам силна, јасна и недвосмислена поддршка од САД за нашата земја и за продолжување на европскиот пат на земјата“ заклучи Ковачевски.

Последни вести