fbpx

Резултати на што прават разлика, СДСМ инсталираше 283 мегавати зелена енергија, ВМРО-ДПМНЕ само 18

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во сите години откако за предводи власта презема ефикасни, конкретни и остварливи чекори за развој на државата и унапредување на стандардот на граѓаните.

Очигледна е разликата меѓу резултатите и одговорното владеење на СДСМ и катастрофата и хаосот што ги правеше ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години.

СДСМ зад себе има резултати што прават разлика и тоа е видливо и мерливо во секое поле, во економсијата, слободата и демократијата, во земјоделството, во инфраструктурата, а особено во енергетиката.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ беа инсталирани 18 мегавати од обновливи извори на енергија, додека во време на СДСМ инсталирани се 283 мегавати, а од нив, 200 мегавати се инсталирани и веќе вклучени на мрежат само во изминатите година и три месеци.

Додека во време на ВМРО-ДПМНЕ инвестициите во енергетиката беа привилегија само за неколкумина блиски до Белиот дворец, денес секој може да инвестира и да ја продава електричната енергија и тоа за првпат на македонска берза за електрична енергија.

Сето ова се големи, суштински разлики помеѓу посветената работа на СДСМ и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Последни вести