fbpx

Време е за одговорност и глас за Европа, заедно да ја обезбедиме европската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Време е за одговорност и глас за Европа во македонското Собрание, за продолжување на европскиот пат на држвата.

Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, за што имаме силна поддршка и од нашите стратешки партнери Соединетите Американски Држави.

Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ.

Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно, а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.

СДСМ разговара со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата.

Имаме историска шанса која треба да се искористи, Македонија да оди напред кон исполнување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

Последни вести