Изјава за медиуми,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 26.03.2018
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, блгодарам за јавноста што за мене е многу значајна во овој судски процес. Реков дека во секоја нормална земја, па така и во нашата единствено низ нормални транспарентни отворени судски процеси е можно да ја докажеме вистината и правдата за којашто секој човек вреди да бори, па така и јас.
Денеска на неколкупати можевме да видиме јасни признанија од единствениот сведок во процесот дека бил инструиран и дека бил под наредба на Јавното обвинителство и полицијата. Неколку пати кажуваше како ме местел и како наведувал за да извлече зборови од мене.
Тоа е јасно и секако, судот ќе ја донесе одлуката, но она што можам да го испратам како единствена порака е дека правдата постои, таа ќе дојде и вредно е секој човек да се бори за неа до крај.