Соопштение за јавност
Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда и праведност. За да имаат кредибилитет да зборуваат за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ХристијанМицкоски прво треба да се оградат од криминалите на нивниот почесен претседател, осудениот криминалец во бегство Никола Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува да измислува случаи и да шири лажни вести преку кои бара алиби за изборниот пораз и очајнички да се обидуваат да добијат ситен дневнополитички поен.
Изборните неправилности и поткупи беа симбол на владеењто на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши со нивното заминување во опозиција.
Сите исплати за кои лажно обвинува ВМРО-ДПМНЕ се согласно законите, однапред испланирани, и според годишните програми.
Ја охрабруваме ДКСК да продолжи со истражувања на сите процеси на вработувања во јавната и државна администрација на роднини на функционери на СДСМ но и на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 07.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА