fbpx

Пендаровски на средба со пензионерите: Патот кон ЕУ и НАТО е единствениот кој ќе донесе подобар живот и за пензионерите и за младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на средба со пензионерите  рече дека  напредокот што политиките на актулената Влада го обезбедуваат мора да продолжи затоа што тоа е вистинскиот пат до подобар живот за пензинерите но и за младите истовремено.

За да се постигне посакуваната цел мораме да продолжиме по вистинскиот и единствен пат, а тој води кон НАТО и ЕУ. Тоа значи сигурност, безбедност и стабилност, но тоа значи и повеќе пари кај граѓаните.

„На овие  избори ќе се судрат два концепта кои се многу спротивставени. Мојот концепт  е напредкот, државата да биде дел од Европската унија. Другиот концепт е напредокот кој започна да се поништи и да се прекинат сите разговори со ЕУ и со НАТО и да се вратиме назад.Нашиот избор е напред, да одиме напред заедно“ рече Пендаровски

Тој посочи дека не смееме да се исцрпуваме со кавги и внатре и со соседите.

“Да му дадеме шанса на овој концепт кој ние го нудиме, да дадеме  ветер во грб на оваа политика, само тој е патот по кој може да одиме. Минатата година беше година на интеграции, а оваа е година на економијата, затоа што заслужуваме подобар живот, подобар стандард, нови и подобро платени работни места“, рече Пендаровски,

На средбата присуствуваше и членот на ЦО на СДСМ, Мила Царовска,  која рече дека како расте економијата така ќе растат и пензиите.

„Во сите проекти на ММФ и Светска банка, доколку се продолжеше со претходниот систем и политики, ние за 10 години ќе имавме фискално цунами на пензискиот систем. Ние сме одговорни и работиме за да се обезбедат стабилни и поголеми пензии но не само за сегашните туку и за идните пензионери“, рече Царовска.

Последни вести