Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и директно ја демантира неговата кандидатка Гордана Силјановска, која лажно и неискрено се претатавува дека е натпартиски кандидат.
Мицкоски порача дека Силјановска е многу повеќе ВМРО-ДПМНЕ отколку многу други во партијата.
Пропадна обидот на Силјановска лажно да се претставува како натпартиски кандидат.
За само три дена Силјановска пласираше три големи лаги со што се профилира како поддржувач на лагите и лажните вести на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните не прифаќаат претседателски кандидат да ги лаже, да зборува едно, а друго да прави. Затоа, на изборите, граѓаните нема да дозволат партиски послушници и лицемери да застанат на чело на државата.
Скопје, 05.04.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА