fbpx

Коциќ: Опозицијата да се вразуми, имаме историска шанса за интеграција во ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека сега имаме историска шанса за интеграција во ЕУ.

Очекувам опозицијата да се вразуми, ако оваа држава има стартешка цел 30 години за интеграција во Европската Унија зошто се прави проблем од ваква тема, каде што де факто со внесувањето на Бугарите јасно разграничуваме дека постојат два различни народа – македонскиот и бугарскиот, истакна Коциќ, додавајќи дека пораките од меѓународните претставници се дека сега е времето, а историјата ќе суди ако се пропушти овој момент.

Коциќ нагласи дека придобивките се продолжување на преговорите и реформите, поддршка од европските партнери и брзо зачленување во Унијата.

Ние имаме јасни ставови дека Македонија треба да биде дел од ЕУ, Македонија не преговара со Бугарија, преговара со ЕУ, имаме јасно зацртани правила, кои важат за нас, но важат и за нив, истакна Коциќ, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека се за ЕУ, но прават се државата да не стане членка на ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за европскиот пат, тоа е партија којашто ја зароби државата, кога со години беа прекинати разговорите со ЕУ. Тогаш бевме во подрумот, не бевме ни во чекалната, рече пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Последни вести