fbpx

Китев : Со промена на политиките на локално ниво ќе обзбедиме развој и општина што ќе работи за сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Бетиане Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци
Кавадарци, 22.10.2017

 

Почитувани преставници на медиумите,

Еве уште еднаш во текот на оваа предизборна кампања, сега заедно со почитуваниот премиер, заедно со нашите коалициони партнери, користиме можност да упатиме повик до нашите граѓани, до сите оние кои се уште се колебаат или на некој начин размислуваат, за кого да го дадат својот глас, бидејќи е прекршена работата на ниво на Република Македонија.

Не ги делиме луѓето и даваме шанса секој да се определи онака како што мисли. Ние инсистираме и сме убедени дека само со промена на политиките и на локално ниво, можеме да обезбедиме, просперитет, развој и транспарентна локална самоуправа која што ќе биде во интерес на граѓаните и која што ќе работи исклучиво за интересите на граѓаните на општина Кавадарци. Подавам рака на секој, спремен сум да влезам во битка со сите оние проблеми кои што актуелното раководство на локалната самоуправа ќе ни ги остави и токму од тој аспект мислам дека е многу важно, на 29ти граѓаните да бидат на вистинската страна.

Тоа што го почнавме како тренд позитивен, како еден победнички бран, што се случи во Република Македонија, редно е да го завршиме со една голема победа на 29ти октомври, гласајќи за редниот број 19. Јас сум убеден во победа, а ги убедувам и сите мои сограѓани дека тоа што го говоревме во текот на кампањата тоа и ќе го реализираме. Чесно, транспарентно, се во интерес на граѓаните на Кавадрци. Тоа го давам како збор и ви ветувам дека тоа така и ќе биде во текот на мојот четиригодишен мандатен период во водењето на општината.

 

 

 

Последни вести