Соопштение за јавност
Во интервју за емисијата „360 степени“ на телевизија Алсат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски посочи дека македонскиот јазик е целосно заштитен и дека наскоро ќе следува потврда за тоа од уште една голема членка на ЕУ.
„Ние имаме јасно заштитен македонски идентитет, јазик и култура во преговарачката рамка, потврден и преку договорот Фронтекс што е потпишан на чист македонски јазик. Кажав и на прес конференцијата дека голема, можеби и најголемата европска држава, во наредниот период ќе донесе резолуција со која го потврдува македонскиот јазик, култура, идентитет како дел од идентитетот на ЕУ. Заштитата и потврдата на македонскиот јазик, на македонскиот идентитет е потврден и со договорот Фронтекс, преку сите јавни изјави, целиот скрининг процес се одвива на македонски јазик и се преведува на македонски јазик. Имаме потврда од Европскиот совет, имаме веќе подготовка на потврди од најголемите земји членки на ЕУ, имаме поддршка од сите стратешки партнери, јасно искажана, вклучително и САД, дека сега е моментот за продолжување на европскиот пат на државата, со оглед на геополитичкиот момент во Европа и светот“ заклучи претседателот Ковачевски.