Соопштение за јавност
-Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да останат во процесот, знаете им дојде шок, после една година скоро кога правите протести кога велите дека сте браникот, кога велите дека никогаш нема да прифатите уставни промени и одеднаш на прес конференција кога вашиот претседател ќе каже да Уставни измени се прифатливи, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.
-Сметам дека тие треба да останат во процесот. Работните групи мислам дека се вистинскиот формат на кој што треба да се продолжи за договарање на сите детали бидејќи знаете дека секој предлог има свои специфики кои треба да се имплементираат и таа имплементација секако дека влијае на eвропската интеграција на државата. Треба ВМРО-ДПМНЕ да го даде одговорот. Jас бев многу јасен на прес конференцијата, тој беше многу јасен на прес конференцијата, партијата ДУИ беше многу јасна во нивното соопштение кој што стигне на самата прес конференција, така да земените обврски предвидуваат посветеност за тој процес да се заврши, рече Ковачевски.
Претседателот на СДСМ додаде дека медиумите беа присутни на прес конференцијата каде што беа искажани ставовите на Христијан Мицкоски дека прифаќа уставни измени и впишување во преамбулата на Уставот други делови од народи и сега не сака да ги коментира изјавите од партиски настани бидејќи „сепак се со некоја друга намена“.
-Не би сакал да ги коментирам јавните изјави во тој дел бидејќи сметам дека дадени на митинзи и на такви настани сепак се со некоја друга намена. Сметам дека е лошо доколку претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски се повлече од преземената обврска и од посветеноста овој процес да го завршиме и да го продолжиме. Нормално, така како што беше договорено и така како што беше соопштено на прес конференцијата. И затоа сметам дека доколку тој решил да се повлече тогаш тоа треба да го каже на официјална средба. Дека се она што го кажа на прес конференција, а тоа е дека прифаќа уставни измени, прифаќа впишување во преамбулата на Уставот на државата на делови од други народи вклучително и на делови од бугарскиот народ, дека прифаќа да биде дел од Владата, заедно со СДСМ и другите коалициони партнери, рече Ковачевски.
Сите детали понатаму треба да се договараат на ниво на работни групи, додаде тој.
-Сите детали сметам дека треба да продолжат да се договараат на ниво на работни групи, доколку она што беше кажано е кажано искрено и доколку секој се придржува до искажаниот збор за преземената обврска да биде посветен на тоа што го кажал. Во спротивно треба да се види дали тоа што е кажано тогаш било кажано со искрена намена, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.