Соопштение за јавност
Со новата методологија којашто ја воведовме, обезбедивме постојан раст на пензиите, на минималната и на просечната пензија, за сите 330.000 пензионери, согласно растот на трошоците за живот и растот на просечната плата, рече претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната трибина „Резултати што прават разлика“ во Кавадарци.
-Од 2017 година до денес просечната пензија се зголеми за рекордни 5.262 денари. Во 2017 година таа изнесуваше 13 954 денари додека денес таа изнесува 19.216 денари. Од донесувањето на новата методологија и усогласувањето кое ќе биде во септември пензиите ќе се зголемат за над 25%., додаде Тренчевска.
Тренчевска зборуваше и за новиот Оперативен план за вработувања за 2023 година, вреден 32 милиони евра.
-Вкупен опфат на невработени лица ќе биде 18 056 лица и е за 3 371 лица или 20% поголем од минатогодишниот план. Целта е да ги поттикнеме младите и другите групи на невработени лица да се вработат и постигнат достоинствени работни места во Македонија. Особено е важно дека го зголемивме опфатот на лица со мерката Самовработување со доделување на грант на рекордни 2078 невработени лица, додде Тренчевска.
Гордо можам да кажам дека оваа година работиме посветено на активација на секој корисник на системот на социјална заштита на пазарот на труд. Повиците од бизнис секторот за недостаток на вработени, но и бројот на лица кои се дел од системот на социјална заштита беше мотив да во партнерство со Светска Банка, но и други меѓународни партнери да започнеме со имплементација на различни видови мерки на кои крајна цел им е интеграција на пазар на труд на маргинализирани категории на граѓани, рече Тренчевска.