Соопштение за јавност
Соочени со извесниот пораз на претседателските избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бараат алиби, затоа лажат и се закануваат кон обвинители.
Јавното обвинителство е независна и професионална институција која работи согласно законските надлежности и треба да се остави да ги заврши започнатите истраги.
Изборни измами беа одлика на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Времето на изборни притисоци и измами заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер и слободни престседателски избори.
На кристално чисти избори граѓаните ќе изберат претседател за сите, кој достоинствено ќе ја претставува државата, претседател кој ќе гледа и ќе води напред, граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски.
Наместо да бараат алиби, ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска нека се подготват за изборен пораз.
Скопје, 20.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА