fbpx

Стево: Очекувам европско и одговорно однесување од сите учесници во изборниот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Oдговори на новинарски прашања,

Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател,

21.03.2019, Кочани

Медиуми: Некаде прочитав од опозицијата, велам, не можам да кажам кој точно, велат дека не можете да бидете претседател затоа што сте биле ист како Заев.

Зад мојата кандидатура што денеска ќе биде поднесена до ДИК, ќе бидат поднесени и 32.000 потписи на граѓани, од кои ве уверувам најголемиот дел не се воопшто членови на политички партии, освен тоа знаете дека 31 политичка партија, освен СДСМ, застана зад мојата кандидатура. За прв пат во историјата во независна Македонија, зад таа кандидатура стојат и 4 албански партии, стои српска, ромска, бошњачка, две турски партии, така што јасно е дека освен тоа што не сум формално член на ниту една политичка партија, јасно е дека зад мојата кандидатура стојат повеќе партии и најширок можен слој на граѓани. Не можам да видам како ќе се поистоветува таа работа ако сум јас второто лице на Заев или негов послушник, како ќе го поврзете тоа со фактот дека не сум партиски член, дека толку многу партии до сега незабележана бројка на партии застанува зад кандидатура на еден кандидат, и конечно имаме за само неколку часа во еден единствен ден имаме собрано само 32.000 потписи од граѓани од кои најголемиот дел најверојатно не се членови на ниту една политичка партија.

 

Медиуми: Очекувате ли дека ќе има излезеност во првиот круг со оглед на фактот дека многу има незадоволство и во таборот на СДСМ, зборувам за членството, зборувам за мојата општина, и од страна на сегашната опозицијата?

– За првиот круг да бидеме прецизни, не е потребен цензус, бидејќи првите двајца кандидати секако одат понатаму, тоа може да се постави како прашање во вториот круг, и јас тоа го повторувам многу пати, јас не тврдам дека нема основ за извесно незадоволство, има луѓе кои веројатно очекувале во одредени сегменти повеќе од владеачката структура. Меѓутоа, 40 отсто + 1 за втор круг, за да добиеме валиден претседател, е лесно достигливо под услов сите големи политички блокови навистина да учествуваат во процесот. И тоа не е можно да се постигне само под еден услов, ако главната опозициона партија направи исто што направи и за референдумот минатата година кога имаше организиран и прилично гласен бојкот. Значи, со нивните претпоставени гласови објективно тешко ќе се доаѓа во таа ситуација. Јас се надевам дека политичката одговорност кај нивното раководство овој пат ќе превладее, ќе сфатат дека станува збор за функција , не станува збор за име, јас, вие или било кој, туку станува збор за институција која мора просто да биде избрана или пополнета. Како што државата не може да биде без Влада, не може да биде и без Претседател, не може да биде без Собрание. Ако конечно, не се успее, се знае Уставот вели се оди веднаш на други избори, така што не знам што би добиле со евентуален таков потег.  Јас сакам да верувам во нивните зборови дека нема да бојкотираат и дека ќе ја истераат изборната трка до крај. Тоа според мене е навистина европско и демократско однесување.

 

 

 

 

Последни вести