Соопштение за јавност
Во рамките на теренските активности на СДСМ под мотото „Рамо до рамо, до победа“ денеска со граѓаните на општина Кичево беше претседателката на Надзорниот одбор на СДСМ Викторија Аврамовска – Мадиќ, а во Демир Хисар, Каја Шукова.
Пред државата и граѓаните е отворена историска шанса за брза евроинтеграција. Оваа шанса треба да ја искористиме да им обезбедиме европска иднина на граѓаните, пред се на младите, во европска Македонија, истакна Мадиќ во Кичево, додавајќи дека СДСМ подаде рака, а ДПМНЕ и Мицкоски имаат можност да се приклучат на процесот и макар еднаш да направат државнички потег, во интерес на државата.
Мадиќ нагласи дека откако Мицкоски го промени ставот и не е против уставни измени, треба да остане во процесот, да продолжи дијалогот за уставните измени и заедно да ја донесеме одлуката за реализација на стратешката цел за продолжување на преговорите за членство во ЕУ.
Македонскиот идентитет е заштитен и потврден, македонскиот јазик е рамноправен со другите европските јазици, потврда за тоа е и последната Резолуција на Бундестагот, а со внесувањето на дел од бугарскиот народ во Уставот, се разбива онаа теза за „еден народ во две држави“, порача Викторија Мадиќ.
Во Демир Хисар, Каја Шукова, пред граѓаните се осврна на енергетските политики, пред се за мерките што се споведуваат за зелена трансформација и нагласи дека за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија“, што придонесе за рекордно домашно производство на електрична енергија и зголемен извоз, како и повторно враќање на дневната евтина тарифа на струјата.