fbpx

Колева: Поддршката од Германија е јасна, ДПМНЕ не прави ништо за да и помогне на државата во евроинтеграциите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Освен што даде силни и јасни гаранции, германскиот канцелар Олаф Шолц прати и охрабрувачки пораки, дека ние како како членка на НАТО, но и претседавач со ОБСЕ имаме капацитет да се носиме со сите тие големи сложени процеси, порача вечерва за Телевизија 24 пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

Колева истакна дека сега треба да се искористи силната поддршка од ЕУ и САД, за да се направи исчекор напред во евроинтеграциите, потсетувајќи дека ДПМНЕ досега не направила ништо за процесот на интеграција на државата во ЕУ.

„Во Собранието често пати бевме сведоци на обраќања на високи претставници на ЕУ, на европски државници кои испратија кристално јасна порака дека даваат поддршка на нашата држава и ја повикуваа опозицијата да не прави блокади и да се приклучи на заедничкиот пат и со консензус да обезбедиме членство во ЕУ. Но ние освен блокади и лажни вести ништо не видовме од ДПМНЕ на тема евроинтеграции. ДПМНЕ шират хистерија со цел да ја вознемируваат и замајуваат јавноста и не прават ништо за да и помогнат на државата во евроинтегративниот процес“ посочи Колева додавајќи дека откако СДСМ ги прифати сите услови на Мицкоски на лидерската средба, тој почнал да ретерира од своите претходни ставови.

Последни вести