fbpx

Концесиите за Иловица се дадени од ДПМНЕ и Груевски, СДСМ од прв ден е против

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Концесиите за рудникот Иловица се дадени во 2012 и 2013 година од страна на Влада на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Христијан Мицкоски му беше советник.

Одлуката е донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година.

И општините во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, Општина Босилово и Општина Ново Село носат одлуки за отворање на рудник.

Денеска кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие.

Заради тие одлуки на ДПМНЕ државата е сега ставена во судски лавиринти со години.

СДСМ од прв ден бил против тие рудници. Кога лично шефот на Мицкоски, Никола Груевски во 2016 година најавуваше отворање на 10 рудници во југоисточниот регион, СДСМ беше против.

Вистината е како шило.

СДСМ и денес е против отворање на рудници кои што не ги сакаат граѓаните во нивните места.

Последни вести