fbpx

Ковачевски: Имаме рекордни 753 милиони евра инвестиции, со членство во ЕУ стандардот на граѓаните ќе се зголемува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во интервју за МИА претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски оцени дека 2022 година и покрај сите предизвици беше успешна година на економски план, а доказ за тоа е и рекордниот износ на странски директни инвестиции.

„Според официјалните податоци на Народната Банка, 2022 година, сме ја завршиле со историски рекорден износ на странски директни инвестиции во земјата во износ од 753,8 милиони евра. Во Технолошко индустриските развојни зони, постигнати се договори за инвестиции од над 280 милиони евра, меѓу кои и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата од 205 милиони евра со азискиот електро-гигантот „Јагео“, се клучните достигнувања и ефектите од работењето на ТИРЗ, во првите шест месеци од годинава. Овие инвестиции во следните десет години треба да донесат над 4600 работни места како и над 90 милиони евра во буџетот само по основ на придонеси. Исто така, согласно најновите информации во завршна фаза на преговори се четири нови инвестиции со обем од над 150 милиони евра“ порача Ковачевски.

Сите овие позитивни трендови, додаде претседателот Ковачевски и тоа како ни влеваат надеж дека со членството во ЕУ, деловната клима, економијата, а со тоа и стандардот на граѓаните ќе се движи во нагорна линија.

Последни вести