fbpx

Нема подобар квалитет на живот од членство во ЕУ, а Мицкоски тоа го кочи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Тврдењето на Христијан Мицкоски дека уставните измени во овој момент не се важни затоа што ДПМНЕ се занимава со квалитетот на животот на граѓаните се лажни, провидни и немаат никаква врска со реалноста.

Нема поголема гаранција за подобар квалитет на живот за сите категории граѓани од членството во ЕУ.

Полноправното членство во ЕУ значи слободен пристап до пазар од 500 милиони потошувачи, пристап до нови, зголемени европски фондови и можност за влез на нови инвестиции, нови технологии и знаења.

Токму Мицкоски го кочи сето тоа, прво затоа што не му е гајле за граѓаните, а второ затоа што е посветен на блокади и деструкции и дејствува на штета на државните и националните интереси.

СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со европскиот блок ќе стори се за да ги надмине блокадите на Мицкоски и ДПМНЕ и да ја обезбеди европската иднина на државата.

Последни вести