fbpx

ЕУ значи подобар стандард на народот, блокадата на Мицкоски е против народот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одлуката за уставни измени и продолжување на европскиот пат се за подобар животен стандард на народот, посилна економија, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда.

Затоа државата треба да биде членка на ЕУ. Имаме историска шанса, Унијата јасно стави до знаење дека е подготвена за ново проширување до 2030 година и тоа треба сега да се искористи.

Над 80 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ.

Затоа блокадата на Мицкоски на европскиот пат е против народот и против владеење на правото.

Тоа е единствено во интерес на корупмирани политичари и пропагандисти кои работат за трети држави кои што не сакаат да ја видат државата интегрирана во ЕУ.

СДСМ ќе направи се овие блокади на Мицкоски да бидат поразени и да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат.

Последни вести