Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски да одговори пред јавноста дали се плаши што ќе покаже истрагата за случајот на Онкологија, за се што се правело години наназад.
Грозоморната шема била воспоставена пред многу години и сега е време секој што се огрешил да се соочи со одговорноста и да биде изнесен пред лицето на правдата.
Очигледно поврзувањето на Мицкоски на истрагата со ново барање за избори е само за да не се реши овој случај, кој се отвора за прв пат после 20 години.
Мицкоски наместо да ја поздрави акцијата на надлежните институции за расчистување криминал на клиниката за Онкологија, се обидува да го политизира случајот, злоупотребувајќи ги болните.