fbpx

Одговорност за сите инволвирани во случајот на онкологија кој се расчистува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност.

Институциите работат со цел расчистување на овој грозен случај и одговорност за сите вмешани.

После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, за прв пат МВР и Обвинителството влегоа и направија акција за прибирање на обемен доказен материјал во врска со јавно изнесени обвиненија и сомнежи од страна на граѓани, медиуми, пациенти.

СДСМ дава силна поддршка на институциите за целосно расчистување на случајот и откривање на сите одговорни, во целиот временски период, години наназад и повикува да не се прави политизација и злоупотреба на случајот, ниту сензационализам и напад врз сите медицински лица.

Последни вести