fbpx

Веќе сме во НАТО, одговорна партија не би ја загрозилa шансата за почеток на преговори со ЕУ, време е за силна економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нашата татковина веќе е дел од НАТО. Постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети.

Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи.

Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.

Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите.

СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.

Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и  демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. 

Фер и слободни избори на кои ќе загуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите одново ќе бидат поразени.

На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата а не како досега само за партиските интереси. 

Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател!

 

Скопје, 13.02.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести