Соопштение за јавност
Граѓаните на Скопје веќе по две години ја видоа разликата од тогашната и сегашната администрација, за жал на полошо. Скопје го пропушти чекорот за стратешки развој којшто беше започнат, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ и поранешен градоначалник на Скопје, Петре Шилегов во Само интервју на Канал 5 телевизија.
-Жал ми е што не можам да најдам добри зборови за работењето на актуелната градска администрација. После две години граѓаните на Скопје видоа огромна разлика, за жал на полошо. Каде е бесплатниот превоз? Не само што го нема, прв пат на Скопје од независноста ни се случи да имаме штрајк во јавниот превоз, преку 6 месеци не работеа ниту приватните превозници. Скопје го загуби чекорот за неговиот стратешки развој. Тоа што беше започнато како стратегија за развој на град Скопје со имплементација на мостови, со имплементација на булевари, на нов систем на јавен превоз, современ, визионерско формирано јавно претпријатие за греење на граѓаните, едноставно застана. Целата клучка кај Момин Поток требаше да биде готова ноември годинава, го знам тој проект а не е ни 30 проценти готов. Има еден мост кој се уште не се пушта во употреба. Универзална сала, сега со преземањето дури ќе се доврши. Криво ми е она што беше зацртано како стратешки развој на градот, дури велам и ради тие стратегии како апликациите за Зелен град, град Скопје да влезе меѓу 8те градови во Европа, нешто што не било ниту пак се повторило. Шанси кои градот ги постави како основ за развој се загубени. Како жител на Скопје тоа ме боли, рече Шилегов.
За прв пат градот Скопје добива една престижна награда за културата, европски град на културата за 2028 година не поради проектот Скопје 2014. Туку поради посветеноста на стратешки добрите цели, потенцираше Шилегов.
Немојте да заборавите дека Арсовска беше кандидат избрана од страна на ВМРО-ДПМНЕ, подржана од нив и активистите на таа политичка партија ја носеа во домот на скопјани да молат за гласовите, додаде Шилегов.
Дали они потоа имале личен конфликт или каков и да било конфликт со претседателот на ДПМНЕ мене како граѓанин сега зборувам не ме интересира, но очигледно избрале заеднички да е оваа состојба која што ја имаме, рече Шилегов во Само интервју на Канал 5 Телевизија.