fbpx

Во изминатиот период работевме напорно за зголемување на атрактивноста на средното стручно образование

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во период од малку повеќе од шест години владеење на владата предводена од СДСМ, максимално вложуваме во квалитетно образование по примери и искуства од европските земји.

Средното стручно образование го издигнавме на високо ниво. Се донесоа стратешки документи и закони, сѐ согласно препораките на ЕУ од областа на образованието.

Процесот на реформи во стручното образование во кое се подготвуваат кадри за пазарот на трудот беше најголемиот предизвик. Бројните анализи покажаа дека кадрите не ги поседуваат потребните компетенции и вештини за да можат директно да се вклучат на пазарот на трудот. Во оваа насока се направија значителни реформи поддржани од ЕУ (ИПА) и Светска банка.

Во период од една година се донесоа многубројни стандарди усогласени со меѓународните, како стандардите за занимања, за квалификации и за наставни програми.

Се направи целосна реформа и во стручното образование со четиригодишно траење (нови наставни планови за 52 квалификации и над 1 000 наставни програми модуларно дизајнирани за сите сектори во техничкото образование).

Во изминатиот период макотрпно работевме за зголемување на атрактивноста на стручното образование, а со цел да се привлечат учениците да се запишуваат во стручните училишта.

Дуалниот модел за средно стручно образование е воведен со цел зголемување на можностите за вработување на младите и продуцирање кадри кои ќе бидат подготвени со соодветни вештини и компетенции за веднаш по завршувањето на образованието да влезат на пазарот на трудот, а со тоа и да се намали јазот помеѓу понудата и побарувачката на работна сила која им е потребна на компаниите (активности од проектот ,,Образование за вработување’’ – Е4Е@мк; кампањата ,,Учи паметно – работи стручно’’).

Се направија и промени во политиките за стипендирање. За учениците запишани во дуално образование се исплаќаат стипендии во месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината. Исто така, се исплаќаат стипендии и за ученици запишани во тригодишно стручно образование како и за четиригодишно стручно образование за оние квалификации за кои интересот е намален, а побарувачката на пазарот се зголемува. Секоја нова учебна година се прават анализи за изборот на сектори за кои ќе бидат поддржани учениците со стипендии.

Комисија за образование на СДСМ

Последни вести