fbpx

СДСМ инсталираше 450 мегавати од зелена енергија, ДПМНЕ само 18, неспоредливо

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во изминатиот период со имплементацијата на зелениот договор, создаде услови за значително зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори.

Зголемувањето во однос на времето на ДПМНЕ е неспоредливо зголемено.

Во 2016 година во нашата држава имаше инсталирано само 18 мегавати обновливи извори на енергија.

Денес има 450 мегавати на обновливи извори на енергија, чиста зелена енергија која не ја загадува околина.

Само новата фотоволтаична централа во Новаци со капацитет од 55 мегавати, е доволна да ги задоволи потребите на 30.000 семејства во држава,

До крајот на годинава ќе бидат инсталирани и ставени на мрежа 600 мегавати обновливи извори на енергија, што е повеќе од капациетот на цел РЕК Битола.

Државата со СДСМ стана пример за енергетска трансформација, на добар пат да биде зелен центар на ЕУ, до 2030 година кога ќе стане членка на ЕУ.

Последни вести