Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Еден од приоритетите на СДСМ е грижата за децата и детската заштита како клучен столб на развојот на секоја личност.
Инвестираме во подобри услови за развој, во градинки, во детски центри, создадеме поволна клима, каде што децата можат да се развиваат во самостојни, силни личности кои утре ќе бидат столбот на нашата држава.
Од 2017 година досега се изградени или обновени 81 детска градинка и 12 центри за ран детски развој ширум републиката.
Дел од нив се наоѓаат во рурални средини или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.
Само во изминатите неколку месеци се пуштени во употреба нови или обновени детски градинки во Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Пробиштип, Струмица, Прилеп…
СДСМ вака ќе продолжи и во иднина, да создава модерни и безбедни услови за развој на нашите деца.
Истовремено се грижиме и за оние коишто ги чуваат и воспитуваат нашите деца.
Обезбедивме континуиран раст на платите на воспитувачките, негувателките и техничкиот персонал.
Од 2017 година до денес Владата предводена од СДСМ ги зголемени платите на воспитувачките за 81%, за негувателките зголемувањето е 89% а за техничкиот персонал во градинките 100%.
Дополнително, со новиот Општ колективен договор, сега, со септемвриската плата секој вработен во јавен сектор добива 10 отсто покачување, а до крајот на годината ќе добијат и 10.000 ден регрес за годишен одмор.
Секој вработен заслужува подобри услови за работа, добри плати, подобар животен стандард а секое дете среќно и безгрижно детство.
Благодарам