Соопштение за јавност
СДСМ се грижи за најмладите, во континуитет инвестира во детската заштита, како еден од клучните столбови на детскиот развој.
Од 2017 година, досега, изградени се 81 градинка и 12 центри за ран детски развој низ целата држава.
Дел од нив се наоѓаат во рурални или во општини каде досега воопшто немало детски градинки.
Истовремено не се заборавени оние коишто ги чуваат и воспитуваат нашите деца.
Платите на воспитувачките од 2017 година до денес се зголемени за 81 отсто, за негувателките 89, а примањата на техничкиот персонал се покачени за над 100 отсто.
Со новиот Општ колективен договор, со септемвриската плата секој вработен во јавниот сектор добива 10 отсто покачување, а до крајот на годината ќе добијат и 10.000 денари К-15.
Грижата за децата и вложувањето во детската заштита се приоритет за СДСМ.