Обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 28.09.2016
Благодарам за дискусиите, кои покажуваат едно сигурно – Македонија плаче за промени од секој аспект. Промените се здрави и тие треба да се случат за да може да профункционираат институциите а граѓаните да имаат животен стандард којшто ќе ги мотивира, секако да опстанат, да живеат и да работат овде и да гледаат иднина за себе и за своите поколенија. Најголем дел од работите којшто се спомнати денеска сум ги среќавал во разни дебати, пред се со граѓански организации ширум цела Македонија, секако најмногу во нашиот главен град, и се вградени во програмата.
Ние во моментов развиваме една стратегија што нашиот Конгрес, највисокото тело, да земе како ветување за првите шест месеци, што би се реализирало и драго ми е што голем дел од дискутантите зборуваа за првите шест месеци. Ова овде што е наведено е навистина одлична можност, финален фокус пред утврдување на еден ваков документ биде потпомогнат од сите овие дискусии. Јас дури и би побарал вашите материјали да ми бидат доставени после целата оваа дебата, затоа што знам дека може уште што многу повеќе да се каже.
Само некоку примери
Вчера бев во Кавадарци, 50 отсто од откупот на грозјето не може да биде завршен. Останува веќе, на земјата паѓа, ако падне слана, ако падне дожд, се губи, готово е. Тој наш народ таму, околу 100 илјади жители, само во Кавадарци, а грозје имаме по цела Македонија, не знаеме како ќе живее. Ова е пик година каде што треба државата да покаже не само грижа за луѓето, за човековите права, за основната егзистенција, тоа е врзано со еден куп други неможности којшто ќе се случат. Не знаеме како ќе ги образоваат децата којшто веќе тргнаа на училиште. Не знаеме како ќе го обезбедат основниот егзистенцијален услов за живеење, храна. Како ќе ги платат сметките, извршителите доаѓаат со камати и слично. Овде општеството не реагира. Вчера бев таму, не да критикувам. Една критика немав кон власта. Повикав, еве сега е моментот, заедно да го решиме ова прашање.
Пред некое време во Штип, текстилните работнички – лелек и плач, солзи. Девет илјади денари, десет илјади денари плата. Правата нивни – по 12, по 11, по 10 часа, станува нормално секојдневие нивно од работењето. А тие се и мајки, еден дел и баби. Каде се тука грижата за децата, за домаќинството, за семејството.
Во Стајковци пред некој ден поминавме, таму уште влагата стои, децата тешко обезбедуваат услови да учат дома. Учат кај свои роднини во други делови на главниот град. Нема инструментариум за брзо реагирање на државата за барем минимум од работите. За еден дел знаеме оти треба време. Но за минимум услови да се организира едно општество при вакви околности на некои четири илјади куќи или домаќинства – целиот поразителен моментум можеме да го видиме таму, еве после месец и пол и повеќе поминато од поплавите.
Во Прилеп, дуќанџиите – катастрофа. Кажувам еден сублимат од последните мои посети. Значи велат, беа тука нашинците кои се во странство, видовме некоја паричка, ќе крпиме… отидоа, сефте не можеме да направиме. Прилеп има два пазарни денови, и сабота и среда. Среда беше, се радуваат на пазарниот ден како да е се на светот, за да падне нешто, да однесат дома. Ниту работниците знаат каква плата ќе имаат на крајот на август, на септември, на октомври. Работодавачите веќе крпат со последни можности за кредити, и до тука е. Нема перспектива, нема потрошувачка моќ.
Едниот аспект на сето тоа е секако огромната миграцијата која што се случува на лекарите. Тоа беше кажано и овде. Почитуваната новинарка Точи го следи тоа многу внимателно и сигурно многу од вас се согласувате е сериозен репрезент за сликата на нашето здравство. Да земе специјалист во терцијално здравство 39 – 40 илјади денари плата во денешно време без инструментариуми, со поминато повеќе од 50 60 отсто од работното време во административни постапки и процедури. Обврската што им ја дадоа не се однесува само на шалтерите. Еден дел од проектите, еве како прв опозиционер признавам дека можеби имале добри намери, но да не се признае тоа што е слабост и да се втурнеш и да го корегираше е само безборазие од секој аспект. Зошто тоа некој го предочил и критички се обратил? Па критичкиот осврт мора да биде коректив на нешто што е со добра намера тргнато, но не се менува никако, а мора нешето да се проимени за да го даде својот ефект. Генерално, сето тоа покажува дека го испуштивме граѓанинот, човекот во нашето општество.
Се воочивме на тие материјални аспекти. Не се само спомениците и музеите. Ние изградивме сали, а немаме спортисти внатре. Изградивме училишта но ќе го кажам поразителниот факт во Струмица. И Струмица, еден од најразвиените економски краеви мигрира. Во 2009 година во средните училишта кои акумулираат четири општини во струмичката котлина се запишале 1236 ученици од вкупно 1248 места. Оваа година во средно училиште се запишаа 759 деца. Наталитетот е континуиран. Имаме постојан раст од два три четири отсто. Дечињата се раѓаат, но ги нема во средно училиште. Заминуваат. Човекот како поединец, како член на семесјтво, како член на заедница, го испуштивме во ова наше време на живеење и мора да се фокусираме токму на поединецот, на човекот.
Платите се срам до небото. 9000 денари, 9500 денари колку е сега минималната плата таа е основот на плата, таа е базата на спиралата за плата. Мора да ја подигнеме.И нека не викаат дека не е возможно. Возможно е, ако државата навремено реалоцира ресурси од непродуктивни трошења во вбризгување во домашното стопанство. Тоа се вика државен интервенционизам тоа економијата го признава и е дозволено. Па Меркел водеше таква политика и некои во Америка кои интервенираа да помогнат на компаниите, оти на крајот даваат плата. Нема бегање од тоа. Треба да интервенираме директно за да го прескокнеме тој јаз на ниските платежни можности во ова наше општество. Бидејќи и дуќанџијата е спремен да даде поголема плата, ако има кој да го плати тоа што го продава, а тоа ќе биде возможно ако потрошувачот има поголема можност да плати. Тој ќе оди со профит со 20 наместо со 10 отсто и од тој профит ќе даде поголема плата. Да се прескокне тој јаз, државата мора да направи интервенционизам. И тоа не само за минималната плата која ја отвора спиралата на зголемени плати кои на крајот резултираат со зголемена потрошувачка моќ и зголемена просечна плата. Таргет мора да биде просечна плата од 500 евра. Некои викаат што се мешате во приватниот сектор, тоа се пазарни механизми, ама ние мора да го обезбедиме тоа. Тоа ни е комплексна мерка. Тоа не е само државата да дава по 9000 денари месечно, или 108 000 денари годишно на стопанството за секое работно место.
Tоа значи мал милион механизми како да се зголеми продуктивност во секои произвотствен капацитет од било кој аспект за да може на основ на повеќе профит да се распредели рамноправно помеѓу капитал секторот и работникот, внатре. Неможе да има среќна држава со понижени работници. Јас сум социјалдемократ, но гледаме дека десните партии со сите социјални аспекти кои што ги вградуваат во своите политики се свесни за тоа, се најавува лева оринтација на Влада којашто ќе доаѓа тоа е одлична можност да се искористи и да се врати меѓу другото и пиедесталот на работникот во ова наше општество. Ние како социјалдемократи веруваме дека предимствено треба да се помогнат домашните компании. Од 20 до 50 милиони евра може да се акумулираат годишно за домашните компании, не може фирма во Кавадарци, странска инвестиција да добие 8.400.000 евра државна директна помош, а бруто плати се 7.200.000. Имаме фирми, странски компании којшто им ги одзимаат работниците на домашните компании, не сакам да ги споменам добредојдени се ќе ги поддржиме и нив, треба да бидат овде, но мора да дојдат заради тоа што беа од профти, а не да ги земат буџетските пари, па кога ќе заврши помошта свиткај ја опашката, напушти ја државата, го гледаме тоа, се случува секој ден. Затоа профитот кога ќе биде кај нашите домашни компании ќе остане овде, психологијата на секојденвието на бизнисмените е да даде плати, да плати даноци и кога ќе заработи притисокот е сериозен да реинвестира, за нови плати и нови даноци и тоа мораме да го имаме во предвид кога ќе го поддржиме домашното стопанство.
Младите по завршување на Факултетот, државата треба да се зргне по секој, алармот е до небото, по секој обуки, дирекна државна помош кон фирмите за да ги згрижат, дирекна државна помош за да може практично искуство да стекнат, за да можат да ни останат овде. Уште на трета, четврта година, па и порано веќе се во комбинација за бугарски пасош, тоа мораме да ги спречиме сите заедно, и не може секој да гледа иднина во јавната администрација, немам архитект во Струмица, и дај боже да не го најдам заради тоа што нашле добра перспектива во приватниот сектор, ама тоа е една област, ретко е тоа, архитекти и градежници.. Ние мораме да ги стимулираме во приватниот сектор да ја гледаат својата перспектива, не само за работни места, туки и да станат сами свои газди. Се обиде државата. Со 3.000 евра кредити, денеска повеќе од 60% трчаат куќата да ја спасат, станот, или колата ќе им ја земат, не може вака да дадеш како мерка и да го оставиш сам да се справува, мора да го поддржиш од секој аспкет. Увидовме едни убави мерки од западно европски земји 10.000 евра грант, да со 2.000 евра минимум учество на тој што ќе учествува, чувајќи ги, сопствените пари ќе знае дека 12.000 евра се негови, и тоа не е доволно оти СДСМ ќе дојде и ќе ги покачи овие пари, не е доволно, мора да има комплетно следење на младиот човек, со сите аспекти на неговото помагање, малото, микро и средно претпријатије се во развој и денес во Германија, да не зборуваме за земјите со низок развој и раст, како што е Македонија.
Орбан ваков бил, диктатор бил, но има една прекрасна мерка три години ги ослободи од давачки сите мали претпријатија и вика пак буџетот ќе изгуби персонален данок на добивка се. Но со тоа се отвораат 10 просечни работни места. Тие 10 просечни места даваат 10 плати, тие 10 плати, плаќаат ДДВ при секоја потрошувачка, пак иде персоналниот данок, кај што државата губи, но добива во ДДВ во вкупната потрошувачка. вакви практични мерки голем дел ги има насекаде околу нас, прашањето е колку сме спремни да ги имплементираме и да бидеме браници при нивната реализација, да дадат ефекти, не само копирање, па пушти ги и ефекти нема. Лекарите мора да добијат двојна плата најбрзо можно. Двојна плата е нашиот таргет во програмата. 100.000 денари плата за специјалистите. Мора да им го отвориме просторот на либерализација на пазарот на нивниот труд. Оваа забрана заради тоа што ги избегнуваа своите работи и почнаа да отвараат приватни клиники сега отиде во крајност еден дел од лекарите бегаат, заради тоа што и 100.000 денари плата да му дадаме тој знае дека вреди повеќе.
Ако може водоинсталатерот во комуналец во Струмица, во Градот Скопје, да работи до 16 часот, а по ручек да поправа и да извади нешто екстра, мора и лекарот да може да му дозволиме, или било кој, наставникот, работи земјоделие, во битолските краишта за да извади за да извади екстра нешто за своите деца, тоа мораме да го направиме. Јас верувам дека животниот стандард, стабилни семејни буџети се иднината на државата со целокупното насочување можеме само така да си ги вратиме, на крајот и институциите да си ја имаат својата основна улога на постоење, да ги следат потребите и развојот на ова наше општество преку следењето на семејствата и на граѓаните. Судовите се многу важна работа. Јас не сум правник но ектремно го почитувам Професор Шкариќ, заради тоа што знае и да не искритикува, и вреди да не искритикува, и знае и да не пофали не зборувам само за нас, за сите во општеството. Реформи во правосудниот систем се потребни. Ова што беше сугерирано денеска, вклучително од сите, така и од него е драгоцено. Мора да ги тргнеме валканите раце на политичарите од правосудството, Албанија прави одлични реформи. Кај нив проблемот е друг, парите беа таму во прашање. Судиите се најбогата категорија во Албанија, но тргнаа да направат реформи и власта и опозицијата заедно, 200 судии не сакаат да бидат под проверки на имот и дадоа оставки, другите сите се во постапка на реизбор. Комплетно целосно да се најде механизам, точно преку судскиот совет како што зборуваше Уранија, тие направија микс на тела, меѓународни експерти и домашни експерти, никако политичари кои се првиот чекор на оваа што го викаат вето поставување во селекцијата на самиот систем.
Ние сме за Специјален суд, Специјално одделение. Оваа искра надеж на правда, на правната држава, на враќање на правната држава којашто ја создадовме први меѓу еднаквите, јас бев, Груевски, Тачи и Ахмети. Верувавме во тоа, дадовме збор. Е сега власта е на мегдан, власт е, можеби утре ние ќе бидеме на мегдан, незнам кој и да е, законот мора да биде еднаков за сите. Ако нема кој да биде тој што ќе му го држи стравот на политичарот, без разлика дали ќе работи во извршна власт, во парламентот, во локална самоуправа или било каде, ништо не правиме во нашето општество. Првата најзначајна реформа меѓудругото мора да биде во судството и тоа е најважно. Нема да гласале судиите, епа нека не гласаат, реформи во судството мора да направиме. Мора да направиме заради сите нас и заради сите идни генерации и верувам дека во првите 6 месеци најголем број од овие овде работи што беа споменати, може да се отпочнат барем ако не да се завршат, транспарентноста мора да биде ваква, не да слушнеме тоа со црвениот тепих, тука ќе седат министрите, на вакви дебати и ќе седат и ќе слушаат и ќе пишуваат и ќе имплементираат и ќе дадат отчет. И пред камерите кои не следат и пред стручната и независна фела, што тоа е завршено и каков ефект дал, затоа што некој пат и граѓанскот сектор и интелектуалците ќе сакаат да дадат убав поттик, верувајќи во тоа, но примерот може да тргне неуспешно, па дајте да го корегираме, заедно па ефектите да ги постигнеме.
Генерално, еве да заклучам, јас во благодарам на сите, сите сте целосно посветени на овој сегмент, од стручноста на вашето работење ова е добродојдена помош, јас верувам дека ќе има доблест на ова општество кое што го проектираме сите заедно, заради тоа што велам сите заедно, не е веќе само политички партии, помина тоа време. Многу интелектуалци и граѓански организации се вградени. Ќе можеме сите заедно, преку едни вакви транспарентни расправи, да го имплементираме во својата реализација.