fbpx

Кирацовски се сретна со вработени во јавниот сектор во Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, м-р Алексадар Кирацовски, вчера (28.09.2016, среда) одржа работна трибина со група на вработени во јавниот сектор во Куманово.

На истата беше разговарано за состојбите во администрацијата, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно на своето работно место.

Посебен акцент беше ставен на потребата за што е можно побрзи законски промени на законот за државни службеници, особено во делот на оценувањето и казните предвидени во тој дел.

Кирацовски истакна дека минатата, 2015та година заедно со вработените постигнаа успех во одложувањето на казните предвидени со законот, со што се спречи над 1.700 службеници или да бидат избркани од работа или да бидат парично казнети со шест месечно намалување на нивната плата.

Водени од своето досегашно искуство во работата, присутните дадоа свои предлози, забелешки, сугестии за подобрување на овој закон.

Дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, м-р Алексадар Кирацовски уште еднаш јасно им порача на административците да си ги бараат своите права и дека во таа битка него го имаат за сојузник кој секогаш ќе застане зад нивните интереси и потреби, затоа што администрацијата е нераскинлив дел од општеството и истата е значајна за подобрување на сеопштото живеење.

Гласот на административците мора да се слушне со цел тие да бидат мотивирани а со самото тоа и граѓаните да бидат задоволни од нивните услуги, истакна Кирацовски.

Кабинет на
Дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација
м-р Александар Кирацовски

 

 

 

 

 

Последни вести