Овој прв аманман се однесува на тоа да предлагаме 30 милиони денари да се скратат од Дирекцијата за технолошко – индустриски развојни зони, во делот на другите тековни расходи и да се пренаменат во постојаната резерва каде што парите би се искористиле за обештетување на поплавените од скопско и тетовско, рече пратеникот Марјанчо Николов, во однос на предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на седница бр.86 на Комисијата за финансирање и буџет.