fbpx

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ нека учи како се развива економија, како се работи во интерес на граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот Христијан Мицкоски има можност речиси две години, да научи како се водат одговорни политики што се во интерес на економијата, граѓаните, државата. 

Од заробена, изолирана и задолжена држава, каква што беше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија денес е на вистинскиот пат, држава партнер на регионот и демократскиот свет, идна членка на најголемите светски сојузи, НАТО и ЕУ. 

Бројни економски показатели ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Растот на просечната плата на 24.584 денари во ноември 2018 година, падот на невработеноста на 20,8 отсто, растот на инвестициите, индустриското производство и извозот се само дел од податоците кои докажуваат дека економијата се движи во вистински правец. 

Интензивно се работи на развој на инфраструктурата. За таа цел, за оваа година предвдена е изградба и реконструкција на патишта низ целата држава, со вкупна должина од над 700 километри во вредност од над 1,2 милијарди евра, 

СДСМ како одговорна партија преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи продолжува да работи на спроведување на мерките што обезбедуваат економски раст и развој, повеќе пари кај граѓаните и ја водат државата напред. Наместо да биде заглавена во деструкции и блокади, ВМРО-ДПМНЕ нека учи како се работи во интерес на државата и граѓаните.

 

Скопје, 26.01.2019  

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести