fbpx

Милијарда евра досега преку ИПА за македонската инфраструктура

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Европската Унија е најголемиот донатор на нашата држава.

Досега преку ИПА програмата се вложени околу милијарда евра неповратни средства за модернизација на инфраструктурата и развој.

Програмата ИПА 3, која го опфаќа перидот 2021-2027 година е во тек.

Тука се и другите видови европска помош што ги добива државата, како ИПАРД програмите за модернизација на македонското земјоделство, нови 100 милиони евра доделени од Европската комисија за макрофинансиска помош, грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза.

ЕУ неодмна го објави пакетот за проширување на унијата и планот за раст на економиите на Западен Балкан.

Само со овој план на Македонија на располагање и стојат милијарда евра.

Со продолжување со реформите и со процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет ќе биде за пет месеци.

Евроинтеграцијата е во интерес на сите граѓани, на компаниите, на државата, европскиот пат на мора да продолжи.

Последни вести