fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сакаат да го поткопаат заедничкото општество но нема да успеат, граѓаните ги поразија нивните црнила

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ предводен од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува да шири поделби, омраза и закани преку кои се обидува да го поткопа живеењето во едно заедничко општество.

Неоснованите и неправни кривични пријави на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема ниту да го блокираат напредокот на државата, ниту да го спречат соживотот во нашето општество. Завршено е со политиките на омраза и поделби, граѓаните имаат јасна цел Македонија да се гради како едно општество, како праведна држава која е дел од глобалниот свет.

Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на јазиците на заедниците кои се над 20%, а албанскиот јазик во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2001 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик.  

Објавувањето на Законот во „Службен весник на РМ“ со потпис на претседателот на Собранието е единствено поради безобразното прекршување на Уставот од страна на Ѓорѓе Иванов кој е должен да го потпише Указот за прогласување на законот доколку е донесен по втор пат со потребното мнозинство во Собранието.

 

Скопје,20.01.2019                                       

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести