fbpx

(Видео) ДПМНЕ бега од седница на Анкетната комисија за Онкологија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ДПМНЕ цел ден бега од седница на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија.

Бегаат затоа што се обидоа да ги излажат граѓаните злоупотребувајќи ја комисијата и затоа што се фатени како ги лажат граѓаните.

Денеска се случи преседан, заклучоците напишани од Белата Палата, Рашела Мизрахи ги прочита без усогласување, без гласање, без разгледување и даде пауза, со што директно ја залоупотреби својата функција како претседавач на комисијата.

Целта на ДПМНЕ не е вистината, не е истрагата, не се пациентите на Онкологија.

Јавноста е сведок за една класична политичка злоупотреба од страна на ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.

Затоа Мизрахи бега, затоа сите членови на комисијата од ДПМНЕ денеска бегаат од седница.

Заради ваквите злоупотреби Мизрахи треба да си даде оставка.

линк до видео:

https://fb.watch/oAufyLQtPy/?mibextid=Nif5oz

Последни вести