Македонија е држава без претседател, зошто докторот на правни науки седнат во претседателската фотелја носи неуставни и незаконски одлуки. А после тоа ги отповикува и променува. Охрабрете се и дајте оставка, барем тоа им го должите на граѓаните на Република Македонија, рече пратеникот Хари Локвенец во однос на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, на 105-тата седница на Собранието на Република Македонија