Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани,
Со денови нема одговор на прашањето за средбите на Мицкоски со Палевски, осомничен за двете убиства, што ја потресоа и згрозија македонската јавност.
Зошто Мицкоски молчи за средбите со радикалот Палевски кој беше алатка на ДПМНЕ. Што крие?
И додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин.
Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин.
Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин.
Станува збор за Александар Толоманоски-Дандаро, близок на Мицкоски и градоначалникот Пецаков.
Еве и дел од нивните заеднички фотографии. Нека види јавноста кои се блиските луѓе на Мицкоски.
Ова е вистинското лице на ДПМНЕ и кажува многу за какви луѓе станува збор.
Очигледно има многу бело околу ДПМНЕ и Мицкоски а не само Белата палата!?