Со аболицијата Иванов се погази себе си кога рече дека нема да аболицира криминалци и луѓе кои направиле изборни измами и крриминал. Ако вие постапите сега спротивно на овој импичмент вие ќе сте извршители на криминалот, рече пратеникот Стојко Пауновски, во однос на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, на 105-тата седница на Собранието на Р.Македонија