Зошто има 33 кривични пријави, за учесници на протестите во Скопје и во Битола, против вашата аболиција, а вие ја повлековте аболицијата? Зошто нема кривична пријава за вас? Тие деца, заради својот протест за вашата аболиција, за која и самиот сфативте дека е погрешна и ја повлековте, се мета на полицијата, а вие не сте. Вас ве штити имунитетот, но нив ги штити нивната совест. Движењата Протестирам и Шарената револуција се историски чин кои додаваат нова вредност на македонската демократија, која освестува, буди и која ќе биде светол пример за идните генерации, рече пратеничката Софија Куновска, во однос на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, на 105-тата седница на Собранието на Р.Македонија