Соопштение за јавност
Наместо да се крие зад празни прес конференции на кои се преповторуваат едни исти лаги, Христијан Мицкоски да излезе и да каже, која била целта на неговите посети на Белград и Будимпешта само неколку денови пред да избега неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.
Што има ВМРО-ДПМНЕ против тоа што се отвораат нови работни места, што растат платите и животниот стандард на граѓаните? Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што стапката на невработеност е падната на 20,8 отсто, што е историски најниска досега.
Времето на партизација на администрацијата и институциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес институциите работат одговорно, професионално, процесите на вработувања во институциите се одвиваат транспарентно и во согласно со законот, а сите важат еднакви услови и критериуми за вработување.
Скопје, 26.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА