Соопштение за јавност
Блокадите на антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица се единствената причина поради која државата не започна со процесот на отворање поглавја, и покрај успешно завршениот скрининг процес, силната и недвосмислена поддршка и отворените врати на ЕУ.
Деструктивните активни блокади на ДПМНЕ во македонското Собрание се на штета на државата и на сите граѓани.
Затоа на изборите блокаторите на европскиот пат, ДПМНЕ и Левица ќе бидат казнети и поразени.
Активната блокада е времена блокада.
Со победа на европскиот фронт предводен од СДСМ на двојните избори, европскиот пат продолжува до полноправно членство во ЕУ, затоа што граѓаните заслужуваат и подобро и повеќе, заслужуваат европска иднина!