Соопштение за јавност
Минималната плата стагнира. Трошоците растат. Дупката меѓу она што се заработува и она што се плаќа се зголемува.
Нема зголемување на минималецот на 600 евра. СДСМ поднесе измени на законот по третпат. ВМРО-ОКГ не гласаше. Сателитите Левица и ЗНАМ не беа во собраниската сала. Никој не гласаше освен СДСМ. Ама буквално никој од партиите.
Со кирија за стан, кошничката стига до околу 90.000 денари. Синдикалната кошничка без кирија е околу 70.000 денари. Кошничката не ја покриваат две минимални плати.
Цените на становите се такви што младите не можат да си дозволат. НБРМ воведе мерки за втор стан: поголеми рати, помали шанси за кредит. Првиот стан веќе е недофатлив. Постои само во бајката на Мицкоски.
Ова е политиката на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Заштита на крупен капитал, ланци што заработуваат во оваа криза додека работникот гладува.
Ова е директна политика на иселување на младите. Нема Европа, нема поголем стандард. Светска банка кажа: нуе сме една третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. 17 години во истата категорија. Без реформи, до 2050 стигнуваме до 55 проценти.
Со реформи можеме повеќе. Арамијата ги запира реформите. Од 1 јуни повеќе и не ги споменува воопшто. Намерна изолација, намерна конфронтација и провокации.
Затоа младите се пакуваат. ВМРО-ОКГ и Мицкоски намерно ги бркаат. Најавуваат увоз на околу 100.000 мигранти, односно економски работници како што ги нарекоа.
Нема зголемување на минималецот. Нема мерки што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата, за да се ублажат економските последици. Има цена на гориво до плафон. Има струја што се увезува. Има задолжување од 4 милијарди за две години.
Има антимон и дата-центри за провизија. Има кошница што не се полни со статистика и со цртање на табла.
Младите гледаат и си заминуваат. Не затоа што не ја сакаат земјата. Затоа што не можат да си дозволат живот во неа.
СДСМ бара 600 евра минимална плата. Бара влез во Европа. Бара стандард. Додека арамијата црта бајки за илјада евра просечна плата и трета економија во Европа, младите си одат, не можат повеќе да ги слушаат бајките на Мицкоски.
Тоа е резултатот, тоа е програмата на оваа ненародна, арамиска политика и криминална власт.
Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши во европска Македонија.


