Соопштение за јавност
Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин.
Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар.
Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ…
Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар“.
Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома.
Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата.
Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност.
СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат.
Оставка од Панче Тошковски како министер што раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата.
Граѓаните заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот.


