Соопштение за јавност
СДСМ инвестира во Битола додека локалната власт на ДПМНЕ за две години не направи ништо а ги покачи сметките за граѓаните, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, денеска на трибина „Повеќе за сите“ во Битола
-Локалната власт на ДПМНЕ во Битола ги покачи сметките за данок на имот за 300%. Сега сакале и сметките за вода и за канализација да ги зголемуваат врз грбот на битолчани. Како досега, така и во наредниот период, СДСМ ќе направи се за да го заштити интересот на граѓаните и ќе ги преземе сите мерки преку нашата советничка група да го спречи ова расипништво на локалната власт предводена од ДПМНЕ!, рече Ковачевски.
Но затоа е СДСМ тука за граѓаните на Битола, ќе продолжат инвестициите во општината со поддршка на Владата и централната власт, додаде тој.
-Обезбедивме 32,5 милиони евра и даваме поддршка за 66 проекти од локален интерес во 44 општини, вложуваме во рамномерен регионален развој. Вчера во Владата ги собравме сите градоначалници. Битола е една од тие општини каде е поддржан проектот за обнова на улицата 8-ми септември, вреден 110 милиони денари. Топловодот се прави со пари од буџетот но и многу други проекти. После 40 години, направивме рехабилитација на патот Битола Меџитлија, 12,5 километри и во вредност од 3,28 милиони евра. За нас граѓаните се на прво место, рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски им се заблагодари на битолчани за масовното присуство на трибината и за поддршката.