Соопштение за јавност
Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар, но има и една суштинска разлика, СДСМ ги враќа парите кај граѓаните а ДПМНЕ правеше споменици, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на трибина Повеќе за сите денеска во Битола.
-Само со една мерка, МОЈ ДДВ СДСМ врати над 110 милиони евра назад кај граѓаните. Дали памтите една макар една мерка од ДПМНЕ за враќање пари кај народот? Нема, затоа што ДПМНЕ не враќаше пари кај народот, тие грабаа само за себе. Тоа е суштината разлика помеѓу СДСМ и ДПМНЕ. Ние враќаме пари кај граѓаните, над 2 милијарди евра за 3 години. ДПМНЕ правеше споменици во Скопје, барокни фасади, лавови и жални врби во Вардар. Тоа им беа приоритетите, рече Ковачевски.
И денеска е исто, додаде тој, локалната власт на ДПМНЕ удира по џебот не граѓаните а со ништо не ги поддржува.
-Нема општина раководена од ДПМНЕ која што ги нема зголемено сметките за граѓаните. Битола е пример за тоа, потенцираше Ковачевски.
СДСМ на дело покажа дека го цени и вреднува трудот на работниците, рече тој.
– Просечната плата од 2016 година досега е зголемена за над 250 евра, од 360 на 615 евра. Нашето ветување беше 500 евра и предвреме не само што го остваривме туку го надминавме. Минималната плата, во времето на ДПМНЕ беше 9.000 денари, сега изнесува 20.175 денари. Повеќе од двојно! Стапката на невработеност пак во 2016 година беше речиси 24%, за да денес е 13,3%. За само една година имаме зголемена вработеност од 9,5% во државата. Во 2016 година странските директни инвестиции изнесуваа 338 милиони евра. Во 2022, година после пандемија со КОВИД-19 и во ек на глобална економска и енергетска криза, изнесуваа речиси 754 милиони евра. Двојно повеќе од тоа што биле во 2016 година, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски денеска во Битола.