fbpx

ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше потребите на жителите на Скопје, денес градоначалникот Шилегов и СДСМ работат во интерес на градот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Повеќе од една деценија ВМРО-ДПМНЕ преку своите криминални и расипнички политики го опустоши град Скопје, го претвори во затворен и нефункционален град и го смести на врвот на најзагадени градови во Европа.

Додека градот се соочуваше со енормна загаденост, со недостиг на основвни комунални услуги, ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра во мегакриминалниот проект Скопје 2014 за да ги задоволи криминалните интереси и личните желби на Никола Груевски.

Таквиот неодговорен и недомаќински однос кон градот, таквото немање слух за потребите на граѓание е минато со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Новата градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов и СДСМ работи одгвоорно, во интерес на граѓаните и градот. Се спроведуваат мерки што го поттикнуваат развојот и ги подобруваат условите за живот во Град Скопје.

Заложбата за изградба на еколошки, модерен, функционален град кој ќе работи за граѓаните се потврдува и со Буџетот на Град Скопје за 2019 година.

За близу една третина, поточно за 32 отсто се зголемени средствата во Буџетот наменети за заштита на животната средина и борбата против загадувањето. Се зголемуваат и средствата за социјала, додека за изградба на паркови и зеленило средствата во Буџетот за следната година се зголемени за над 50 милиони денари во однос на 2018 година.

Во тек се активности за реализација на капиталната инвестиција за изградба на гасоводна мрежа, што е една од клучните мерки во борбата против загадувањето. За таа цел за првпат е формирано и градско јавно претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен систем.

Продолжува и вложувањето во развој на патната и комунална инфраструктура.

Градката администрација предводена од СДСМ и градоначалникот Шилегов остануваат посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат развој на Скопје, почист виздух и квалитетни услови за живот на сите граѓани.

 

Скопје, 18.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести