fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорчев се лицемерни, масовното иселување се случуваше за време на нивното владеење кога заминаа над 600.000 граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За какви егзодуси и евакуации на граѓани зборува антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму поради нивните криминални, антидржавни расипнички политики протераа над 600.000 граѓани за време на нивното криминален режим.

Влатко Ѓорчев 20ина години е дел од ВМРО-ДПМНЕ и исто толку години ги поддржува погубните политики на неговата партија. Доколку сакаше, Ѓорчев во овие 20 години ќе придонесеше за намалување на иселувањето на граѓаните.

Но наместо тоа, тој одлучи да ги премолчи сите погубни политики на неговата партија. Затоа, денешниот настап на Ѓорчев е лажен, лицемерен и неискрен кон граѓаните.

600.000 граѓани протерани од својата држава, цели семејства избришани од Македонија е црната слика која ја остави ВМРО ДПМНЕ зад своето 11 годишно владеење. Наспроти таа црна слика, денес владата предводена од СДСМ посветено работи во сите сегменти на општеството, со цел подобар живот за сите граѓани .

Растот на БДП, намалувањето на невработеноста, растот на минималната плата, растот на пензиите, зголемената социјална помош и опфатот на поголем број на лица од ранливите категории се потврда за грижата кон своите граѓани и потврда дека Македонија се движи напред.

Гаранцијата за млади, зголемени средства за ученички и студентски стандард, зголемениот опфат на мерката за неповратни 10.000 евра за поддршка на младите земјоделци, се само дел од мерките што Владата ги презема во интерес на младите и нивно задржување во својата земја.

Времето на црнила заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт, Македонија денес чекори напред кон развој, напредок и интеграција.

 

Скопје, 14.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести