Соопштение за јавност
Бизнис интересите и тендер политиките што ВМРО-ДПМНЕ со години ги спроведуваше во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство.
Заврши времето на договорени тендери, на договори во четири очи и системско уништување на здравствениот систем. Денес Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство го рехабилитираат здравствениот систем во интерес на граѓаните и лекарите.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за градење на модерен, одржлив и ефикасен здравствен систем.
Во таа насока е и договорот за јавно-приватно партнерство за детската кардиохиругија преку кој децата, пациетните и родителите веднаш ќе добијат подобра здравствена услуга, без да плаќаат дополнително, без нови трошоци. Со тоа, подобра услуга е ставена на располагање на оние на кои им е најпотребна.
Продолжуваат инвестициите за развој на здравствениот систем. Со Буџетот за 2019 година кој е зголемен за 300 милиони денари , докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто.
Обезбедени се близу 10 милиони евра за изградба на клинички центар во Скопје и Штип, зголемени се средствата за задолжителна имунизација и средствата за нови лекови за ретки болести. Се инвестира во осовременување на медицинската опрема, а итната медицинска помош доби 12 нови возила
Владата предводена од СДСМ продолжува со остварување на мерктие што обезбедуваат квалитетно здравствство за пациентите, вреднување на трудот на лекарите и здравствените работници и унапредување на здравствениот систем.