Соопштение за јавност
Коалицијата на БСЕА и ДПМНЕ во Тетово ги разгорува меѓуетничките страсти, повторно го гледаме истото танго од времето на режимот, но граѓаните се свесни и ова нема да го дозволат, рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во интервју за Слободен печат.
Потпретседателот на СДСМ додаде дека парадоксот е што Касами стана градоначалник и има мнозинство во Советот на општина Тетово благодарение на ДПМНЕ.
-Секретар на општина Тетово, втор човек во општината е истурен активист на ВМРО-ДПМНЕ. Втор човек на општината. Истата таа општина во којашто секретар е од ДПМНЕ вели ќе го рушам крстот а ДПМНЕ вели не треба да се руши. Гледате дека тие измислуваат начини да ги разгорат етничките страсти. Во 2024 година граѓаните се свесни и тоа нема да го дозволат, рече Богоев.
Тој направи и паралела на различното однесување на Касами и БЕСА во коалиција со СДСМ и сега во коалиција со ДПМНЕ.
-Билал Касами и БЕСА кога беа во коалиција со СДСМ, 2020 година, тие се залагаа за едно општество за сите, Македонија да оди напред како мултиетничка држава, за соживот меѓу граѓаните. Сега истиот тој Билал Касами, овој пат во коалиција со ДПМНЕ ќе рушел крстови, мапи на голема Албанија, тоа што ви кажува? Дека кога се во коалиција со СДСМ делуваат за соживот и едно општество за сите, а кога се во коалиција со ДПМНЕ ги разгоруваат меѓуетничките страсти, рече Богоев во интервју за Слободен печат.