fbpx

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ мора да разбере дека одговорност ќе има за сите вмешани во случајот со прислушување на ЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ шири лаги од нивниот скапоцен дворец којшто е симбол за криминал, расипништво, злоупотреби и прекршување на човекови права.

Крајно несериозно и потценувачки кон јавноста и граѓаните е ВМРО-ДПМНЕ лажно да обвинува други за прислушување. Освен тоа што ВМРО ДПМНЕ е партијата што го спроведе масовното прислушување, јавно соопштените информации од надлежните институции говорат дека и опремата за прислушување во ЈО била инсталирана во 2013 година кога оваа партија имаше апсолутна власт во државата.

Јавни признанија и сведоштва секојдневно потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ги прислушувала сите кои немале исто мислење со нив, новинари, лидери на партии. Според јавните искази, токму „8миот кат на скапоцениот дворец“ бил центар од каде бил испланиран и спроведен бруталниот напад на Собранието на 27ми април.

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат посветени единствено на одбрана на криминалот на Груевски

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да разбере дека ќе има одговорност за сите кои се вклучени во случајот со прислушување на Јавното обвинителство.

Истрагата е во тек и ќе се откријат сите инволвирани во овој скандал.

Скопје, 07.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести